Операта во еден чин, „Кавалерија Рустикана“, едно од најуспешните дела од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи, ќе биде изведена утревечер (28 јануари) во 19. 30 часот на сцената на Националната опера и балет (НОБ), соопштија од установата.
Иако трае само околу 75 минути, „Кавалерија рустикана” е моќна, драматична и емотивна опера која остава силен впечаток.
Диригент е Иван Еминовиќ, а режисер -Џандоменико Вакари (Италија).
Настапуваат Благица Поп Томова како Сантуца, Зоран Сотиров – Туриду, Ристе Велков – Алфио, а Александра Лазаревска Василевски/ Марија Наумовска – Лола и Марика Поповиќ како Мајка Лучија.
Учествуваат и хорот и оркестарот на Националнат опера и балет.












