Општина Кавадарци и црногорската општина Тиват се збратимија. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, и градоначалникот на Тиват, Жељко Комненовиќ, го потпишаа меморандумот за збратимување.
– Со овој меморандум, двете страни се обврзуваат да ја зацврстат соработката меѓу локалните самоуправи, туризмот, младите, спортот, културата, земјоделството и економските односи, во согласност со законските надлежности и почитувањето на законите на двете држави – истакна Јанчев.
Задоволство од настанот изрази и гостинот од Црна Гора.
– Постојат бројни шанси за соработка и развој и се надевам дека ќе ги искористиме – подвлече Комненовиќ.