Зимската служба е подготвена без никакви проблеми да одговори на задачите кои престојат во следниот период, како во градот, така и во селата кои се наоѓаат на целата територија на општина Кавадарци.
Ова било констатирано при денешната контрола спроведена на возилата на зимската служба при ЈП „Комуналец“ од страна на раководни лица од ова претпријатие и од Општина Кавадарци
Притоа, од страна на ЈП „Комуналец“ е набавено доволно количество сол и ризла. Исто така, од страна на општествено одговорната фирма „Јами“ е отстапено едно возило за зимската служба без никаква надомест.












