недела, февруари 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Кавадарци ќе живее во духот на традицијата, доброто вино и веселата песна

Кавадарци ќе живее во духот на традицијата, доброто вино и веселата песна

165

Од 10 до 14 февруари, Кавадарци ќе живее во духот на традицијата, доброто вино и веселата песна. Општина Кавадарци ќе го празнува свети Трифун, заштитник на лозарите и винарите, во срцето на Тиквешијата.

Одбележувањето ќе биде со богата програма исполнета со културно-уметнички настани, обичаи, музика и дегустација на врвни тиквешки вина. Воедно, ќе биде организиран и базар на вински производи и дегустација на греано вино, а ќе има и богата културно-уметничка програма во која ќе учествуваат: фолклорниот ансамбл „Тиквеш“, пејачката група на пензионери, „Акустико лајт“,  групата „Нокаут“, како и диџеј Пејко. Исто така, ќе има изложби, работилници, поезија, како и меѓународниот фестивал „Срма“.

– Да го прославиме заедно празникот што ги слави земјата, лозата и радоста на животот – повикуваат од Општина Кавадарци.

 

ИЗДВОЕНИ