Кавадарчанец со речиси 3 промили алкохол во крвта направил сообраќајка и побегнал

41

Полициски службеници од Кавадарци лишија од слобода маж кој управувал возило под влијание на алкохол откако предизвика сообраќајна незгода со друго возило во градот.

-На 21.07.2025 во 21.15 часот на улица „7 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Р.С.(29) од Кавадарци. При преземање мерки во врска со претходно случена сообраќајна незгода во која учествувал тој со патничко возило „фолксваген“ со кавадаречки регистарски ознаки и патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.К.(31) од Кавадарци, било утврдено дека управувал возило по дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,92 промили алкохол во крвта. Р.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

ИЗДВОЕНИ