Кавадарчанец ја следел сопругата со ГПС локатор, физички ја нападнал и ѝ се заканувал со нож

26

Кавадарчеката полиција денеска изврши службен разговор со М.Б., 35-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава од неговата 36-годишна сопруга.

Таа го пријавила дека во семејниот дом, физички ја нападнал и ѝ се заканувал со остар предмет и дека во нејзиното возило поставил ГПС локатор, информираа од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Локаторот бил одземен, а на М.Б. му била изречена мерка – забрана за приближување.

ИЗДВОЕНИ