четврток, февруари 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Кавадарчанец излетал од патот кај Дреново, возел со 2,60 промили алкохол во...

Кавадарчанец излетал од патот кај Дреново, возел со 2,60 промили алкохол во крвта

87

На 24.03.2025 во 18.05 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци- Дреново, патничко возило „фиат стило“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(54) од село Возарци, кавадаречко, излетало од патот.

Повредени лица нема, а увид извршила екипа од ОВР Кавадарци при што било констатирано дека Б.И. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,60 промили алкохол во крвта.

Тој е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена пријава по член 297а – „безобѕирно управување со моторно возило“ од Кривичниот законик, информираат од МВР.

ИЗДВОЕНИ