Катастрофални поплави во Виетнам: Најмалку 40 луѓе ги загубија животите во свлечишта, куќите се под вода/ВИДЕО

22
EPA/LUIS VILLALOBOS

Поплавите и лизгањата на земјиштето во централниот и јужниот дел на Виетнам однесоа најмалку 40 животи, додека десет лица се водат како исчезнати, соопшти виетнамското Министерство за земјоделство и животна средина.

Најголем број жртви е регистриран во виетнамската покраина Дак Лак со 16 смртни случаи, објави денес локалниот портал Vietnam News.

Следно е Кан Хоа со 14 жртви, Лам Донг со четири, Гиа Лаи со три, потоа градот Хуе со две и Да Нанг со една жртва.

До четврток вечерта по локално време, поплавите оштетија повеќе од 13.000 хектари ориз и други култури, додека 30.731 добиток и живина умреа или беа однесени од поројните дождови.

146 куќи беа оштетени, а 52.056 домаќинства беа под вода.

Спасувачките екипи евакуираа 18.837 домаќинства, или 61.793 луѓе, но многу семејства се уште се во блокирани области, главно во провинциите Дак Лак, Кан Хоа, Гиа Лаи и Лам Донг.

Сообраќајот е сериозно погоден, со повеќе од 30 лизгања на земјиштето и поплавени делови регистрирани на националните патишта. Околу 140 лизгања на земјиштето се регистрирани и на локалните патишта.

Повеќе од еден милион корисници останаа без електрична енергија, но електричната енергија е вратена во речиси 615.000 домаќинства.

Министерството за одбрана на Виетнам распореди 18.000 воени лица и 441 возила, додека четири хеликоптери се во состојба на готовност со два тона храна и основни потреби за отсечените области.

Покраинските полициски сили распоредија речиси 42.000 луѓе и повеќе од 3.200 возила за спасувачки операции.

ИЗДВОЕНИ