Катастрофа во Франција: Пожарите изгореа површина поголема од Париз

103
EPA/DIMITRIS ALEXOUDIS

Пожарникарите сè уште се борат со пожарите што беснеат на југот на Франција. Иако во гаснењето учествуваат и авиони, локалните власти предупредуваат дека борбата против пламените јазици може да трае „неколку дена“.

Многу домови беа уништени, илјадници луѓе беа евакуирани, а досега најмалку едно лице загина во пожарите, додека 13 се повредени, наведуваат властите.

Жена починала во својот дом, а седум пожарникари беа згрижени поради вдишување чад, соопштија локалните власти.

„Пожарот е сè уште многу активен и ситуацијата е неповолна“, изјави Луси Рош, генерален секретар на регионот Од, за агенцијата Франс Прес.

ИЗДВОЕНИ