понеделник, февруари 16, 2026
Дома СВЕТ Катастрофа во Амстердам: Изгоре симболот на градот, огнената стихија ја проголта црквата...

Катастрофа во Амстердам: Изгоре симболот на градот, огнената стихија ја проголта црквата „Вондерлкерк“/ВИДЕО

2651
Foto: Pexels

Црквата „Вонделкерк“, стара 154 години, во Амстердам, Холандија, беше целосно уништена во пожар на новогодишната ноќ, но никој не беше повреден, објавија холандските медиуми.

Властите рано утрово соопштија дека црквата е целосно уништена, а пожарникарите сè уште се борат со пожарот што избувна кратко по полноќ за време на новогодишните прослави.

Пожарот предизвика уривање на делови од кулата и покривот, што доведе до евакуации и прекин на електричната енергија на околу 90 куќи во близина, објави „NL Times“.

Причината за пожарот е под истрага.

„Вонделкерк“ е изградена во 1872 година и служела како римокатоличка црква до 1977 година, кога се користела за разни настани.

ИЗДВОЕНИ