Пожарникарите се борат со пожар на падините на Везув, откако сите планински патеки до вулканот во близина на Неапол беа затворени за туристи.
Пожарникарите испратија дванаесет екипи, вклучувајќи шест канадери, на терен за да се борат со пожарот, кој гори од петокот.
Помош беше повикана и од други делови на Италија, објави Франс Прес.
Incendio sul #Vesuvio
🔥 @TgrRai @TgrRaiCampania pic.twitter.com/uuhK6hCRle— Antonello Perillo (@anperillo) August 8, 2025
„Од безбедносни причини и за олеснување на операциите за гаснење пожари и чистење во погодените области, сите активности на патеките на Националниот парк Везув се прекинати до понатамошно известување“, соопштија од Националниот парк во саботата.
Минатата година, околу 620.000 луѓе го посетија кратерот на вулканот, според нивната статистика. Во неделата, чад од пожарот можеше да се види од блискиот археолошки локалитет Помпеја, кој остана отворен за туристи.
Во исто време, активен стана и вулканот Етна на островот Сицилија, што само по себе не е толку необично. Според Кориере дела Сера, ерупцијата се случила на надморска височина над 3.000 метри.