Барселона треба да продаде играчи за да регистрира повеќемина во првиот тим, вклучувајќи ги Жоан Гарсија, Војчех Шчесни и Маркус Рашфорд. Марк-Андре тер Штеген и Андреас Кристенсен се сметаат за главни кандидати за заминување, но досега ништо не се случува околу ова прашање. Наместо тоа, меѓу оние за кои се смета дека е можно да заминат се појавија нови имиња, а едно од нив е Марк Касадо.

Барселона го проценува Касада на 30 милиони евра и се верува дека неговата продажба би овозможила регистрација на Гарсија, Шчесни и на Рашфорд во Ла Лига. Неколку клуба од Премиер лигата се заинтересирани за младиот играч од средниот ред, а според „Спорт“, интерес покажува и Атлетико Мадрид.

ИЗДВОЕНИ