Гочева знае да биде шеговита!
Популарната пејачка Каролина Гочева, која од 2017 година е во брак со шест години помладиот уметник, Михаил Корубин, неодамна се врати од Токио, преполна со волшебни впечатоци. Но, нивната свадба се одржа на прилично необично место. Во хангарот на спортскиот аеродром Стенковец, сосема поразлично од класичните свадбени церемонии.
Каролина е позната по тоа што не зборува за приватниот живот, но сепак направи исклучок. Пред неколку дена зборуваше отворено во српската телевизиска емисија „Слика и прилика“, за својот брак и за животот со сопругот Михаил.
– Секогаш некои други ме мажеа, а особено медиумите. Јас, едноставно, никогаш не сакав да се омажам само затоа што ми „дошло време“. Или затоа што некој го очекува тоа од мене. Ништо не треба! Треба само да бидеш среќен човек, а јас сум среќна со Михаил, искрено раскажа Гочева. Таа низ разговорот се осврна и на разликата во годините меѓу неа и Корубин.
– Тој е шест години помлад од мене. Во славниот Холивуд, речиси сите познати жени живеат со помлади мажи. Тоа е сега светски тренд. Затоа јас сакам да ги следам светските трендови, изјави шеговито Каролина и потоа сериозно објасни:
– Ние двајцата се споивме како зрели луѓе, во нашите триесетти години. Никогаш не сум ја почувствувала разликата во годините. Едноставно, се најдовме и, еве, со тоа заемно чувство сè уште сме заедно, објасни Каролина, велејќи дека одлуката за бракот ја донела свесно и самостојно, без трошка притисоци од страната на семејството или на роднините. (Д. М.) фото:Instagram












