Светската банка ја назначи Карол Межеван за нова директорка за Косово и Северна Македонија. Како што соопштија од СБ, таа ќе го предводи ангажманот на Светска банка во Косово и Северна Македонија, во спроведување на Рамките за партнерство со земјите. Овие рамки ги поддржуваат двете економии во нивните напори да создадат попродуктивни работни места, да го подобрат квалитетот на јавните услуги и да го поттикнат развојот на човечкиот капитал, со крајна цел забрзување на одржлив раст и приближување до нивоата на приходи во Европската Унија.
– Чест ми е што ја преземам улогата на директорка на Светска банка за Косово и Северна Македонија и што имам привилегија да им служам на луѓето. Развојната агенда за овие две земји е јасна: треба да им обезбедиме на луѓето можности за работа и продуктивно да придонесеме за економиите за да можат да растат и да напредуваат во корист на цели општества – рече Межеван.
Карол Межеван, француска државјанка, има повеќе од две децении искуство во Светската банка, на која ѝ се придружи во 2002 година. Таа водеше сложени операции ширум Африка, Латинска Америка и Северна Африка, со силен фокус на меѓусекторски развој и управување. Неодамна, таа беше раководител на програмата за програмата Планета во регионот Магреб, со седиште во Рабат, Мароко. Таа има две магистерски дипломи, една по земјоделска економија и друга по економија на животна средина/природни ресурси.