Шпанскиот Ф1-возач, Карлос Саинц, се присети на моментот кога дознал дека повеќе нема да биде член на тимот на Ферари. Во еден поткаст, тој отворено зборуваше за турбулентниот период од својатаа кариера и за преминувањето во нов тим.
- Бев на средина од подготовките за сезоната 2024 и се надевав дека ќе имаме конкурентен болид. Разговаравме за продолжување на договорот уште од октомври, но преговорите некако необјасниво заглавија. Секогаш одложуваа нешто, но никогаш не помислив дека нема да дојде до договор. Секој повратен одговор беше позитивен и се чинеше дека ќе решиме сè – се присети Саинц.