Карлос Алкараз минатиот викенд го освои САД Опен, победувајќи го Јаник Синер на финалниот натпревар и неколку дена по освоениот пехар, бројни светски медиуми ја претставија неговата нова девојка.

На финалниот меч, на трибините, поточно во неговиот бокс, се наоѓаше најпровокативниот модел на планетата, русокосата Брукс Нејдер. Ова го потврди Грејс Ан Нејдер, сестрата на Брукс.

  • Шпекулациите се точни, „забавувањето“ е толку чувствителен термин, но знам дека тој е човек достоен за восхит – истакна Грејс, која додаде дека сè уште немала можност да го запознае тенисерот.

Брукс Нејдер е 28-годишна манекенка позната по своите провокативни фотографии и е пет години постара од Карлос Алкараз.

 

ИЗДВОЕНИ