Карлос Алкараз ги шокираше сите во Њујорк

742
EPA/BRIAN HIRSCHFELD

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз имаше успешен старт на последниот френ слем турнир  САД Опен, победувајќи го Рајли Опелка со 3:0. Еден од главните фаворити за трофејот во Њујорк славеше по нешто повеќе од два часа игра со 6:4, 7:5, 6:4.

Сепак победата не беше изненадување за фановите, туку  неговата фризура. Алкараз ги изненади сите менувајќи ја препознатливата фризура, откако се појави истрижан на нула.

Секако глетка што никој не ја очекуваше, но се чини дека новата фризура му одговара на младиот Шпанец и дека на многу луѓе им се допадна. Затоа пред почетокот на натпреварот со Рајли Опелка, беше прашан зошто решил да ја направи промената.

„Сакав да бидам свеж за турнирот, да имам нешто ново, да го започнам турнирот на вистински начин. Мислам дека ова му одговара на Отвореното првенство на САД“, рече Алкараз со насмевка.

EPA/BRIAN HIRSCHFELD

На женскиот дел од турнирот најголемо внимани предизвика легендарната американска тенисерка Венус Вилијамс, која загуби во првото коло, откако беше поразена од Каролина Мучова со 2:1 (6:3, 2:6, 6:1).

Венус (45), која е миленичка на домашната публика, успеа да се врати од дефицит во сетови, но во решавачкиот немаше сила за понеизвесна борба. Мучова отвори сигурно и со 6:3 поведе во сетови. Но, ветеранката не се предаде и на задоволство на сите на трибините одигра сет како во најдобрите денови. На противничката ѝ препушти само два гема и израмни на 1:1. Сепак, кога се кршеше резултатот, Венус Вилијамс попушти и го заврши својот настап на САД Опен.

 

 

ИЗДВОЕНИ