Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас му одговори на Србинот Новак Ѓоковиќ на прес-конференцијата по неговата победа над Корентано Муте и ја „прошири“ приказната за „авторските права“ на серверот.
Приказната за сервисот на Карлос Алкарас, кој наводно наликува на Новак Ѓоковиќ, сè уште предизвикува насмевки и големо внимание во тенискиот свет. Шпанскиот тенисер, откако Ѓоковиќ на шега ја коментираше ситуацијата пред неколку дена, реши да возврати со иста мера.
Новак тогаш рече дека го контактирал Шпанецот во врска со „авторските права“.
„Штом го видов тоа, му пратив порака. Му реков дека треба да разговараме за авторските права. И, еве, му реков дека треба да разговараме за процент од неговата заработка. За секој ас мора да ми даде процент. Да видиме дали ќе се држи до договорот.“
Алкарас се насмевна кога зборуваше за пораката што ја доби од најдобриот тенисер во светот.
„Имам договор овде во џебот, можам да ви го покажам“, се пошегува Алкарас на прес-конференцијата по победата над Корентано Муте.
„Новак ми испрати порака и кога ја видов, ми беше многу убаво. Кога ќе ги погледнете нашите сервиси, тие се навистина слични. Мислам дека Ѓоковиќ сервисира многу добро, неговото движење е едноставно и секогаш ми се допаѓа. Секако, ова не значи дека нешто сум копирал, ниту, пак, сум се угледувал на него. Едноставно, ги променив работите на овој начин“, заклучи шпанскиот тенисер.












