Карлеуша и Тијана од некогашни пријателки станаа први кавгаџики – Па, тоа не се трпи, ама не се искубаа за косите!

62

Скандалозната „мала од скандала“, пејачката Јелена Карлеуша, честопати сочно ги поткачува своите естрадни колешки. Овој пат на тапет дојде нејзината некогаш многу омилена пријателка, нашата Тијана Дапчевиќ. Но, и колешките не се разликуваат многу од Карлеуша. И тие знаат да ја поткачат. Па, после „плачат“ кај новинарите. Една ситуација која не се трпи!

Јелена, неодамна ѝ одговори на Тијана Дапчевиќ, за да ја замолчи конечно:              – Искрено, одвај знам која е таа личност, која е Тијана, со што се занимава? Не се сеќавам дека некогаш сме се дружеле. Освен што таа го злоупотребува моето популарно име за да добие насловна страна во некој тиражен весник, вели разбеснетата Јелена.

Имено, Тијана изјавила дека порано се дружела со Карлеуша, дека оделе и на море, но дека тоа веќе не е така, затоа што Јелена сосема се променила во карактерот.

–Тоа веќе не е Јелена што ја познавам и што многу ја сакав. Сега немам емоции кон неа, навистина немам такви искрени емоции за неа. Само едно „чао“ и толку, изјави Тијана Дапчевиќ за медиумите.                                                                                    Баш чудно што сè уште, по сè, не се искубаа за косите???  (Д. М.)

 

ИЗДВОЕНИ