Кари Ирвинг ќе потпише нов договор, вреден 119 милиони долари

161
epa11740820 Dallas Mavericks guard Kyrie Irving reacts against the Atlanta Hawks during the second half of an NBA basketball game between the Dallas Mavericks and the Atlanta Hawks in Atlanta, Georgia, USA, 25 November 2024. EPA-EFE/ERIK S. LESSER SHUTTERSTOCK OUT

Кајри Ирвинг планира да потпише тригодишно продолжување на договорот со Далас Маверикс, во вредност од 119 милиони долари. Ирвинг, кој ќе има опција да стане слободен агент во сезоната 2027/28, се опоравува од скинати предни вкрстени лигаменти поради што ја заврши сезоната во март годинава. Деветкратниот „Ол-стар“ играч изјави дека сака да изгради наследство со Маверикс, верувајќи дека франшизата може да освои шампионска титула во лигата. Се очекува да се врати на теренот во јануари по повредата и операцијата.

Минатата сезона, 33-годишниот Ирвинг имаше просек од 24,7 поени во 50 натпревари, додека запиша 4,8 скока, 4,6 асистенции, 1,3 украдени топки во просек од 36,1 одиграни минути. Во речиси три сезони со Маверикс, Ирвинг имаше просек од 25,5 поени, 4,9 скока, 5,1 асистенции, 1,3 украдени топки и играше просек од 35,9 минути во 128 натпревари од регуларната сезона, сите во почетната постава.

Неговиот просек во кариерата е 23,7 поени, 4,1 скока, 5,6 асистенции, 1,3 украдени топки и 34,5 минути во 779 натпревари (сите во почетната постава), а играше за Кливленд Кавалирс (2011/17), Селтикс (2017/19), Бруклин Нетс (2019/23) и Маверикс (2023-денес). Тој ја освои титулата во НБА со Кавалирс во 2016 година. Кавалирс го избраа Ирвинг со првиот избор на НБА драфтот во 2011 година по неговата прва сезона во Дјук. Тој беше НБА дебитант на годината со Кливленд.

ИЗДВОЕНИ