Македонскиот кардиолог и алпинист Сашко Кедев го искачи врвот Канченџунга (8.586 м), третата највисока планина на светот.
Тој беше дел од 10-члената експедиција Imagine Nepal, која на 23 мај успешно стигна до врвот.
Sashko Kedev summits Kanchenjunga (8,586)—the world’s 3rd highest peak! This marks his 13th out of 14 eight-thousanders.
Сашко Кедев на врвот на Канченџунга (8,586) – третиот највисок 🗻 на 🌎 #Macedonia pic.twitter.com/qlglSV1RQL
— Ganka Cvetanova (@gankacv) May 26, 2025
Со овој подвиг, Кедев е еден од ретките во регионот и единствениот Македонец кој ги има искачено тринаесетте највисоки врвови во светот од кои најнискиот Шишанпагма е 8027 метри, најопасниот Анапурна 8091 метар и највисокиот Монт Еверест 8848 метри надморска височина. Му остана уште врвот Gasherbrum-I, со што ќе ги комплетира сите 14 таканаречени „осумилјадарки“, врвови кои се повисоки од 8.000 метри надморска височина и главно се наоѓаат на Хималаите.