Повеќе од една деценија не се знае речиси ништо за здравствената состојба на најдобриот возач во историјата на Формула 1 – Михаел Шумахер. Никој не го видел Германецот откако доживеа сериозна повреда на главата при скијање во декември 2013 година. Неговата сопруга, Корина, е задолжена и не дозволува другите да го видат, а не објавува информации за неговата здравствена состојба во јавноста. Дали сега направи кардинална грешка?

Корина организираше настан за јавање коњи каде што нивната ќерка Џина Марија Шумахер беше ѕвезда. Таа победи, а Корина ѝ ја врачи наградата во еден момент. Додека се случуваше сето ова, на нејзиниот телефон пристигна порака во која се откри фотографија од Михаел Шумахер.

Дали е тоа најновата фотографија? За ова шпекулира германскиот весник „Билд“, кој испратил фоторепортери на настанот, кој беше организиран во швајцарското село Живрин. Во моментот кога ја прими пораката, телефонот на Корина светна, таа доби порака од некого, и во тој момент се гледаше сликата од Шуми. Дали е тоа нова фотографија или само стара што ја чува на заднината на екранот? Постои контроверзност околу тоа…

Корина Шумахер е личноста која се прашува за сè кога е во прашање Михаел Шумахер. Значи, таа одлучува кој може да го посети, а кој не. Неговиот брат Ралф Шумахер е исто така е на листата на забранети лица. Тој нема дозвола ниту да го види ниту да го чуе, ако воопшто е во можност нешто такво.

Во едно претходно, интервју Ралф откри дека „изгубил контакт со дел од семејството на својот брат по таа несреќа“, и дека тој не е единствениот. Дури и легендарните Еди Џордан, Рикардо Патрезе и многу други не добија дозвола да го посетат.

ИЗДВОЕНИ