понеделник, јануари 26, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Канадскиот премиер одговори на заканите за царини од Трамп

Канадскиот премиер одговори на заканите за царини од Трамп

444
Фото: EPA/JESSICA LEE

Канада ги почитува своите обврски според Договорот меѓу САД, Мексико и Канада и нема да склучува договори за слободна трговија со земји кои не се пазарни економии, изјави денес во Отава премиерот Марк Карни.

Канадскиот премиер одговори на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе 100 проценти царини на неговата земја доколку склучи трговски договор со Кина, објави британската агенција „Ројтерс“ на својата веб-страница.

Карни рече дека Канада нема намера да презема такви мерки со Кина или со која било друга непазарна економија.

„Но, она што Канада го направи со Кина е да ги исправи некои од проблемите што се развија во последните две години“, рече Карни.

Канадскиот премиер додаде дека неговата земја има пристап „назад кон иднината“ кон електричните возила, земјоделството и морските производи, обезбедувајќи дополнителна заштита.

Карни отпатува во Кина претходно овој месец за да се обиде да ја диверзифицира трговијата и да ги реши проблемите со царините со третиот најголем трговски партнер на неговата земја.

Министерот за финансии на САД, Скот Бесант, во понеделник изјави за американската телевизија ABC дека може да се воведе царина од 100 проценти за Канада доколку таа склучи договор за слободна трговија со Кина.

Во изјава за Ројтерс во саботата навечер, кинеската амбасада во Канада посочи дека Пекинг е подготвена да соработува со Отава за спроведување на консензусот постигнат од лидерите на двете земји и унапредување на стратешкото партнерство меѓу Кина и Канада.

ИЗДВОЕНИ