Канадскиот премиер Марк Карни денес објави нов пакет економска помош за Украина во износ од 2,5 милијарди долари, нагласувајќи дека оваа поддршка е насочена кон обезбедување почеток на процесот на обнова на земјата и нагласи дека Канада ќе продолжи да обезбедува воена поддршка на Украина.
„Денес најавуваме понатамошна економска помош за Украина во износ од 2,5 милијарди долари. Оваа поддршка ќе помогне во привлекувањето финансирање од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската банка и Европската банка за обнова и развој за да се започне процесот на обнова“, рече Карни.
За време на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, тој нагласи дека постигнувањето праведен и траен мир бара волја од Русија, а истовремено ја нагласи важноста на меѓународната поддршка за Украина во овие тешки времиња. „Под ваше водство, имаме услови за праведен и траен мир, но за ова е потребна волјата на Русија“, му рече Карни на Зеленски, пренесува Укринформ.












