Oд 17:10 часот, магистралниот пат Деве Баир – Крива Паланка, кај место познато како Самоков, е во прекин за сите возила во двата правци поради сообраќајна несреќа.
Товарно моторно возило излетало од патот, расфрлани метални предмети кои ги превезувало се на самиот пат, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.