понеделник, јануари 26, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Камерунец купил од скопјанец за 1.000 евра туѓа француска лична карта –...

Камерунец купил од скопјанец за 1.000 евра туѓа француска лична карта – уапсен е на Табановце

21

На 25.01.2026 во 18:12 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода П.М.Ф.Б.(29) од Камерун, затоа што при гранична контрола е констатирано дека на увид приложил туѓа француска лична карта, која евидирала како предмет на потрага од Интерпол.

По извршената проверка констатирано е дека тој бил регистриран во Прифатниот центар- Визбегово, а изјавил дека француската лична карта ја набавил од едно лице од Скопје за сума од 1000 евра. Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ