среда, февруари 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Камерите на „Безбеден град“ вчера регистрираа 650 прекршоци, од нив 590 за...

Камерите на „Безбеден град“ вчера регистрираа 650 прекршоци, од нив 590 за пребрзо возење

17

Во текот на вчерашниот ден (03.02.2026) преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 650 прекршоци, соопшти денеска МВР.

Се наведува дека од нив, за минување на црвено светло констатирани се вкупно 36 прекршоци, за возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 590 прекршоци, а за нерегистрирани возила 24 прекршоци.

-Притоа, изречени се вкупно 61 забрани за управување на моторно возило. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите да придонесеме за безбеден сообраќај на територијата на целата држава – се наведува во соопштението.

ИЗДВОЕНИ