Моментот на таканарешената kiss camera (бакнување на камера) на концертот на „Колдплеј“ стана вирален откако се појави, а разоткрива тајна љубовна врска помеѓу технолошки магнат и извршен директор за човечки ресурси.
Парот, идентификуван од присутните како извршниот директор на „Астрономер“, Енди Бајрон, и директорката за човечки ресурси, Кристин Кабот, се обиделе да ги сокријат своите лица кога се појавиле на големото платно додека стоеле прегрнати на стадионот „Џилет“ во близина на Бостон во среда навечер, објави „Њујорк Пост“.
Камерата ги фати кога Бајрон ја прегрнува Кабот, а таа го држи за раце.
Сфаќајќи дека и се прикажуваат на публиката, Кабот брзо го покри лицето со рацете и се сврте настрана, додека Бајрон се наведна и исчезна од кадарот.
@instaagraace trouble in paradise?? 👀 #coldplay #boston #coldplayconcert #kisscam #fyp ♬ original sound – grace
На почетокот, пејачот на групата Крис Мартин помисли дека е нежна сцена. „Погледнете ги овие два гулаба“, рече тој нежно.
Но, нивната реакција го збуни.
„Охо, што?“ Може да се слушне како вели Мартин, според снимката на TikTok. „Или имаат афера или се многу срамежливи.“
„По ѓаволите… Се надевам дека не сме направиле ништо погрешно“, додаде тој потоа, според дополнителните снимки.
Двајцата фатени на дело соработуваат тесно во „Астрономер“, компанија за вештачка интелигенција и обработка на податоци, проценета на околу 1,2 милијарди долари.
Според достапните информации, Бајрон е во брак со Меган Кериган Бајрон, додека Кабот неодамна го заврши бракот со поранешниот сопруг Кенет Торнби. Двојката поднесе барање за развод во 2018 година, а разводот беше финализиран во 2022 година, според судските документи во Масачусетс. Не е познато дали се премажила.
Поранешните сопружници имаат едно дете, а Торнби бил должен да му плати на Кабот еднократна алиментација.
Поранешни вработени во компанијата „Астрономер“ рекоа дека „се смееле до солзи“ кога ги виделе снимките од наводната афера на нивниот поранешен шеф.
Коментаторите на социјалните медиуми брзо забележаа дека Кристин се чини дека треба повторно да го прочита својот прирачник за човечки ресурси.