Камала Харис: Зеленски како чистач на прозорци заглавен во лифт – мислеше дека Путин блефира

31
EPA/SHAWN THEW

Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, во своите мемоари „107 дена“ откри дека имала отворен разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски на Минхенската безбедносна конференција во февруари 2022 година и дека токму таа го убедила во неизбежноста на конфликт со Русија.

Камала Харис се сеќава на разговорот како „исклучително тежок“, пренесува РТС.

„Имав задача да го убедам Володимир Зеленски во неизбежниот конфликт, нешто што тој не сакаше да го слушне“, нагласи таа.

Таа изјави дека му презентирала на украинскиот претседател американски разузнавачки информации кои се разликувале од оние што ги собрал Киев.

„Зеленски и понатаму веруваше дека Путин едноставно блефира… Мојата работа беше да го соочам со суровата реалност“, напишала поранешната потпретседателка на САД.

Во мемоарите се наведува дека во еден момент Зеленски конечно ја прашал Харис што мисли дека треба да направи. Таа го советувала да „ги подготви своите луѓе“.

Харис откри дека нејзината последна, седма средба со украинскиот претседател се одржала кон крајот на септември 2024 година, 40 дена пред изборите. Дотогаш, тврди таа, тие развиле „доверливо пријателство“.

Таа го спореди Зеленски со перач на прозорци во Светскиот трговски центар, кој, заробен во лифт со други работници за време на нападите на 11 септември, го користел остриот раб на својот шпакла за да го пробие ѕидот и да ги спаси сите внатре.

„Малкумина од нас знаат што ќе станеме во време на криза сè додека не бидеме тестирани“, заклучи Харис.

Мемоарите на поранешната потпретседателка на Соединетите Американски Држави беа објавени на 23 септември од „Сајмон и Шустер“.

Книгата ја опишува нејзината претседателска кампања во 2024 година, која траеше нешто повеќе од три месеци откако тогашниот претседател Џозеф Бајден ја повлече својата кандидатура.

Харис верува дека една од најголемите грешки била тоа блискиот круг на Бајден дозволил самиот да одлучи дали ќе се кандидира за втор мандат, и покрај неговата возраст. Харис, исто така, тврди дека Белата куќа намерно ѝ дала тешки задачи, не ја поддржала и не ги истакнала нејзините достигнувања за време на нејзиниот мандат како потпретседател.

ИЗДВОЕНИ