Kaмала Харис со викање барала од Трамп да ги објави досиејата за Епштајн

202

Поранешната потпретседателка на Соединетите Американски Држави, Камала Харис, го повика претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп да ги објави досиејата за Џефри Епштајн, сексуален престапник обвинет за водење мрежа за трговија со малолетни девојчиња.

За време на гостувањето во подкастот „The Bulwark“, Харис извика дека Трамп треба да преземе мерки во врска со досиејата на Епштајн, додавајќи дека сегашниот американски претседател го манипулира американскиот народ кога вели дека не може да ги објави досиејата без одобрение од Конгресот.

„Објавете ги досиејата. Тој е претседател на Соединетите Американски Држави, шеф на извршната власт. Тој презеде еднострани дејствија без да ги почитува трите еднакви гранки на власта во речиси сè што направи, затоа објавете ги досиејата“, рече Харис, според Фокс њуз.

ИЗДВОЕНИ