Македонскиот кошаркарски шампион, екипата на МЗТ Скопје, се пофали со ново име за вториот дел од сезоната. Во тимот од Аеродром повторно се врати спрскиот кошаркар Душан Танасковиќ, информираа од клубот.
Искусниот 24-годишен центар ќе го засили шампионот под рекетот, во моменти која тимот се за остварување на примарната цел – враќање во елитната АБА лига, како и одбраната на титулата во домашното првенство.
Танасковиќ беше дел од тимот во сезоната 2023/24, кога МЗТ Скопје ја освои двојната круна на домашната сцена. Србинот имаше одлични партии во „сино-белиот“ дрес и беше еден од најзаслужните кошаркари за големите успеси на клубот во таа сезона.
По заминувањето од Скопје, Танасковиќ настапуваше за Мега, а актуелната сезона ја започна во Борац Бања Лука во чиј дрес одигра четири натпревари во АБА 2 лигата, на кои бележеше просек од 13 поени и 7,5 скока по меч.











