Рики Рубио повторно ќе игра кошарка. Познатиот шпански плејмејкер, човек кој помина 12 години во НБА, па повторно го носеше дресот на Барселона пред две сезони, имаше многу проблеми, првенствено со психата, откако почина неговата мајка. Тој се врати од НБА каде што играше за четири клуба: Минесота, Јута, Финикс и Кавси.
Рубио повторно го облече дресот на Барселона, но издржа само до крајот на сезоната. По едногодишна пауза, Рики се враќа таму каде што сè започна. Според каталонските медиуми, тој се согласил да се врати во Хувентуд, за кој дебитираше пред две децении, на 15-годишна возраст.
Овој плејмејкер ги освои ФИБА-Еврокупот и УЛЕБ-Купот со тимот од Бадалона, а потоа и Купот на кралот во 2008 година пред да се пресели во Барселона.