ЕСПН и новинарот Брајан Виндхорст најавуваат враќање на Леброн Џејмс во Кливленд, но, исто така, споменуваат и дека ќе има намалување на платата во овој тим.

Во поткаст на Радио Кливленд, Виндхорст изјави дека има 99 % шанси Леброн повторно да го носи дресот на Кавалирс ако ја приспособи својата плата и изјави дека шансите да остане во Лејкерс се многу мали.

Веќе некое време јавно се зборува дека Леброн ќе мора да прифати значително намалување на платата за да остане во Лејкерс, а се зборува и за лоши односи со поранешната сопственичка, Џини Бас.

  • Единствениот начин на кој може Кавс да го добие Леброн е тој да потпише за минимумот за ветеран. Или, пак, тие да направат голема размена и да му направат минимален договор. Тие точно знаат што може да му понудат на Леброн и ако тој е подготвен да го прифати, тоа е тоа – рече Виндхорст.

Леброн има 41 година и е најдобар стрелец во историјата на НБА-лигата.

ИЗДВОЕНИ