
Португалскиот гигант Бенфика се обидува на секаков можен начин повторно да ги осигура услугите на крилниот напаѓач, Жоао Феликс. Португалскиот интернационалец е во сопственост на лондонскиот премиерлигаш Челзи, но вториот дел од изминатата сезона го одработи како позајмен фудбалер во дресот на Милан. Понудата за неговите услуги не смее да биде помала од 40 мил. фунти.