Шпанскиот фудбалер Алваро Мората (32) би можел повторно да игра во својата татковина следното лето. Мората е член на Галатасарај, каде што игра како позајмен од Милан, меѓутоа шпанските медиуми објавуваат дека тој размислува за враќање на Пиринеите, во својот роден град. Наводно, сериозно размислува за трансфер во Хетафе, клубот каде што првпат заигра фудбал. Рано се пресели во Реал Мадрид, а во текот на кариерата го носеше и дресот на Атлетико. Играше и за Јувентус, Челзи и претходно, за споменатиот Милан.
Исто така, се нагласува дека неговата сопруга, Алис Кампело, не би имала ништо против доколку тој повторно живее во Мадрид. Минатата полусезона, тој постигна седум гола на 16 натпревари за Галатасарај.
Веќе е познато дека има голема желба да ја заврши кариерата точно онаму каде што започна сè, во предградието на Мадрид.