Нема таков на кој не му е жешко овие десетина дена откако трае топлиот бран кој го зафати целиот Медитеран. Жешко ѝ е и на поп-ѕвездата, пејачката Калиопи. Таа си одвои неколку дена само за себе за да се одмори убаво на некоја од морските плажи кај нашиот јужен сосед.
Калиопи е во Грција, а таму ужива за сите пари. Не прашува колку што чини, не само затоа што не е циција какви што има многу на естрадата туку и затоа што за ќеиф на душата одбира ексклузивни места. Но од плажите испраќа и провокативна летна фотографија со која ги израдува многубројните обожаватели ширум Балканот. Разголена, само со прекриени гради.
Калиопи како светска женска си ги задржа убавите манири. Покажа дека нема никаков проблем да позира и така, без грам шминка на лицето, со нејзината препознатлива, мила насмевка. (Д.М.)