Калиопи ја освои хрватската „Олимпија“ – во преполн загребски „Ватрослав Лисински“, трипати на бис!    

34

Големо браво за македонската поп-дива!                                                              Полни два часа со сите нејзини хитови и на хрватски, српски, англиски и секако на својот македонски јазик. Интересно е дека Хрватите сосема без пречки ги пееја со неа и македонските песни, особено оние веќе омилените: „Дали ме сакаш“, „Обои ме“, „Ела, ела“, „Дај да пијам“, евровизискиот „Црно и бело е сè“, па дури и нејзиниот патриотски хит „На патот до Македонија“                 

Македонија преку песните на нашата поп-дива Калиопи ја освои Хрватска, поточно нивната престолнина Загреб. Мегапопуларната македонска поп-пејачка Калиопи одржа концерт во нивната „Олимпија“, како што често ја нарекуваат концертната сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб, по терк на онаа оригиналната во Париз.

Во оваа сала досега настапуваа најголемите пејачки ѕвезди не само од Хрватска и поранешната Југославија, туку и од светскиот шоу-бизнис, како на пример: Тина Тарнер, Ела Фицџералд, Лучано Павароти, Рафаела Кара, Тото Кутуњо, Стинг, победниците на „Евровизија“… тука се одржа и на овие простори, првата „Песна на Евровизија„ (кога победи задарската поп-група „Рива“).

Атмосферата на концертот беше навистина еуфорична. Така како што самата распеана Калиопи знае да го направи. Добро распеаната пејачка, публиката ја доведе до делириум, држејќи ги присутните во константно расположение полни два часа. Со сите нејзини хитови и на српски, хрватски, англиски и секако на својот македонски јазик. Интересно е дека Хрватите сосема без пречки ги пееја со неа и македонските песни, особено оние веќе омилените: „Дали ме сакаш“, „Обои ме“, „Ела, ела“, „Дај да пијам“, евровизискиот „Црно и бело е сè“, па дури и нејзиниот патриотски хит “На патот до Македонија“.

Сè подразбира дека во публиката имаше и Македонци кои живеат и работат во Загреб, но повеќемина беа хрватските фанови на Калиопи, која во таа земја е веќе подолг период мошне популарна. Хрватската публика добро ја памти од нејзините први естрадни почетоци, кога во далечната 1986 година на „Сплитскиот фестивал“ ја отпеа песната „Да море зна“, која потоа стана и тогашен југословенски хит.

Покрај самата Калиопи и нејзиниот бенд, кој супер ја придружуваше на сцената, беа и српскиот поп-пејач Жељко Самарџиќ, како и нашиот Влатко Стефановски. Со Самарџиќ, Калиопи во дует ја отпеа песната „Знам“ нивниот заеднички музички успех. Со Стефановски до срцата на публиката ја донесе на свој оригинален начин старата македонска песна „Ајде, слушај, слушај, калеш бре Анѓо“. Тоа беше и една од причините поради кои публиката а, која до последно место го исполни „Ватрослав Лисински“, да не ја остави Калиопи тукутака да си замине. Мораше трипати да се врати на бис. Ги отпеа евергрините „Бато, нису нам дали летјети“ и повторно евровизиската „Црно и бело е сè“. Беше испратена со големи овации. Браво, за македонската поп-дива!  (Д.М.) фото:ФБ

 

ИЗДВОЕНИ