Познатиот грчки кошаркар Ник Калатес се потсети на периодот кога соработуваше со легендарниот Жељко Обрадовиќ, а изнесе и една интересна анегдота.

Калатес, како млад и неискусен плејмејкер, соработуваше со Обрадовиќ во Панатинаикос, каде што се приклучи во 2009 година од САД. Во тоа време, тој штотуку почна да се докажува, а во неколку наврати не одеше баш според планот.

„Ми беше прва година, гледавме снимки. Ноќта пред тоа, излегов во клуб со Мајк Батиста и со Дру Николас. Не играв, па ја ставив главата на ѕидот… Итудис прикажуваше снимки 45 минути, еден час, а јас се потпрев на ѕидот и – заспав. И не успеав да се разбудам, рече Калатес во поткастот ’Евро инсајдерс’ и продолжи: „Итудис ме забележа и рече: ’Тренеру, не можам да ја држам сесијата вака, работев на тоа цела ноќ’. Се разбудив и го видов Обрадовиќ како ги држи клучевите. Ме погледна како да сакаше да ме убие. Веројатно најлошото искуство во мојата кариера“.

ИЗДВОЕНИ