Калас: Педесет дена е предолг период за договор со Украина кога невини цивили умираат секој ден

167

Рокот од 50 дена што претседателот Трамп ѝ го даде на Русија пред можните санкции е „многу долг кога невини цивили умираат секој ден“, изјави денес високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.

„Многу е позитивно што претседателот Трамп зазема цврст став кон Русија. Од друга страна, 50 дена е многу долг период кога гледате дека тие исто така убиваат невини цивили секој ден“, изјави таа за новинарите.

Порано денес, во разговор со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Белата куќа, Трамп се закани дека ќе воведе многу строги царини за руските сојузници ако нема договор за прекин на војната во Украина во рок од 50 дена.

„Разочаран сум од претседателот Путин, бидејќи мислев дека ќе имаме договор пред два месеци, но се чини дека тоа не се случува“, рече американскиот претседател, пренесува Бета.

Трамп додаде дека затоа ќе примени секундарни царини за сојузниците на Москва.

„Ако немаме договор во рок од 50 дена, многу е едноставно – царинските мерки ќе бидат 100 проценти, и тоа е тоа“, рече американскиот претседател.

ИЗДВОЕНИ