Калас: Неопходни се дополнителни санкции врз Русија

0

Шефицата за европска надворешна политика, Каја Калас, денес изјави дека се неопходни дополнителни санкции врз Русија, објавува британскиот весник „Гардијан“, пренесува „Бета“.

По разговорот со министрите за надворешни работи на ЕУ преку видео врска, таа рече дека е важно ЕУ да продолжи да ја поддржува Украина и да врши притисок врз Русија.

„Мора да имаме предвид дека има еден агресор и една жртва. Целосен и безусловно прекин на огнот мора да биде првиот чекор… но во моментов не гледаме знаци дека Русија е подготвена за прекин на огнот. Русија не ја запира својата воена машинерија, напротив. Сè уште треба да се префрлиме од состојба во која Русија се преправа дека преговара во состојба во која Русија мора да преговара. Стигнуваме до таму“, рече Калас.

Таа додаде дека рускиот претседател Владимир Путин „не може да ги постигне своите цели на бојното поле“ и дека затоа ќе се обиде да го постигне тоа преку преговори.

Калас рече дека „верувањето дека Украина губи е лажно“ и дека мировниот договор мора да вклучува отстапки од руска страна.

Таа додаде дека фокусот на договорот „мора да биде на она што Русија треба да го направи“, дека руската војска и воениот буџет треба да бидат „ограничени за да се спречат нови напади“ и дека фокусот треба да биде ограничувањето на Русија.

„Мора да се осигураме дека Русија никогаш повеќе нема да нападне. За да се спречи продолжувањето на војната, потребен е праведен и траен мир во Украина“, рече Калас.

ИЗДВОЕНИ