недела, март 1, 2026
Дома СВЕТ Калас: Министрите за надворешни работи на ЕУ денес ќе разговараат за Иран...

Калас: Министрите за надворешни работи на ЕУ денес ќе разговараат за Иран и случувањата на Блискиот Исток

12
Фото: EPA/TOMS KALNINS

Шефицата за надворешна политика на Европската унија, Каја Калас, изјави дека за денес свикала итна видеоконференција на министрите за надворешни работи на ЕУ за да разговараат за Иран и случувањата на Блискиот Исток.

„Недискриминирачкиот напад на иранскиот режим врз неговите соседи ризикува да го вовлече регионот во поширока војна и ние го осудуваме“, напиша Калас во објава на платформата X. Таа рече дека е „од суштинско значење војната да не се прошири понатаму“. „Иранскиот режим мора да донесе одлуки“, заклучи Калас.

Соединетите Американски Држави и Израел го нападнаа Иран во саботата наутро во она што го нарекоа „превентивни напади“ што следеа по неуспехот на неколку рунди разговори за нуклеарната програма на Иран, објави „Танјуг“.

Потоа Иран започна масовни одмазднички напади врз Израел и цели поврзани со САД низ Блискиот Исток, а иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека земјата ќе продолжи да го користи своето „вродено и легитимно право на самоодбрана“ сè додека тековната агресија на САД и Израел не заврши „целосно и недвосмислено“.

ИЗДВОЕНИ