Европската Унија има многу јасен план, кој е да ја ослабне Русија и да ја поддржи Украина, изјави денес високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас.
„Притисокот мора да биде врз агресорот, а не врз жртвата. Наградувањето на агресијата само ќе поттикне поголема агресија. ЕУ има многу јасен план од две точки, првиот е да ја ослабне Русија, а вториот е да ја поддржи Украина“, изјави Калас по завршувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.
Министерскиот состанок се одржа по протечените информации дека САД преговараат за план со Русија кој ќе бара од Украина да се откаже од дел од својата територија и да ги намали своите вооружени сили.
„Министрите беа доста смирени во врска со тоа бидејќи претходно видовме различни мировни планови кои не можат да функционираат освен ако Европејците и Украинците не се согласат со нив“, рече Калас.












