Калас: Ако ЕУ плати за оружјето за Украина, тоа ќе биде европска помош, а не од некој друг

100
EPA/OLIVIER HOSLET

Европската комесарка за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес изјави дека ако Европската Унија плати за оружје за Украина, тоа ќе биде европска поддршка, а не поддршка од американскиот претседател Доналд Трамп.

Таа го кажа ова како одговор на најавата на Трамп дека Америка дополнително ќе ја вооружува Украина, што всушност ќе го плати ЕУ, а кое, пишува Гардијан, предизвика тензии и несогласувања меѓу Брисел и Вашингтон.

„Ако ние плаќаме за тоа оружје, тогаш тоа е наша помош. Тоа е европска поддршка и ние правиме сè што можеме за да ѝ помогнеме на Украина“, рече Калас.

Според неа, Европската Унија ја поздравува најавата на Трамп дека ќе испрати дополнително оружје во Украина, но сака САД да го споделат товарот, и дека ако некој ветува помош што ќе ја плати некој друг, тогаш тоа не е нивна помош, туку на оние кои ја плаќаат.

ИЗДВОЕНИ