Месец јули ќе донесе поумерени температури на воздухот, тоа значи дека екстремно топли долготрајни бранови нема да има во Македонија. Сепак, се очекуваат продори на африканска топлина и почести врнежи.
На метеоролошката карта може да се види дека кај нас нема некоја голема температура аномалија, иако за 0.5 степен, до 1 степен е можно позитивно отстапување на температурите, што не е ништо сериозно. Поголемо позитивно отстапување на температурите би требало да има во централните и во северните предели на Балканот, како и во централна и западна Европа.
Што се однесува до врнежите, најголем дел од Европа во јули 2025 ќе доживаа голема суша. Исклучок ќе бидат Италија и нашата Македонија, каде врнежите би требало да бидат натпросечно високи, однсно, да имаме почести врнежи, како и појава на временски непогоди.