Шерхан Калмурза преку ноќ стана глобална ѕвезда. Тинејџерот на голот на Каират имаше одлични одбрани на премиерниот натпревар во Лигата на шампиони против Реал (М) и беше главна тема на дискусија во градот и покрај тоа што прими пет гола.
Неговата популарност нагло порасна по натпреварот. Тој доби речиси 300.000 нови следбеници „преку ноќ“ и моментално има 331.000 следбеници на социјалните мрежи.
Покрај неговите одлични одбрани, многумина беа воодушевени и од неговата атрактивна мајка Сауле Рабаева.
„Каква жена. Дали е тоа негова сестра?“, е еден од коментарите на социјалните мрежи.
По натпреварот, таа му честиташе на синот за победата и е горда на него.
„Сине мој, ти си најдобар. Ти си мојата гордост“, напиша Сауле, додавајќи:
„Ти даде сѐ од себе, за мене си најдобар. Има големи работи пред тебе. Не се откажувај. Секогаш ќе бидам тука и како и секогаш ќе верувам во тебе.“
Кога видоа како изгледа, многумина останаа без здив. Нејзиниот изглед е фасцинантен и многумина ја следат на социјалните мрежи.
Моментално, Сауле Рабаева ја следат близу 35.000 луѓе, а нема сомнение дека нејзината популарност драстично ќе се зголеми по фотографијата со нејзиниот син.
Треба да се напомене дека бизнисменот Улугбек Шарипов му подари на младиот голман нов автомобил за неговиот настап против Реал.
„Целата земја е со тебе“, рече Шарипов по скапиот подарок.
Нема сомнение дека младиот голман го привлече вниманието на другите клубови со своите одбрани. Иако има само 18 години Шерхан може да се пофали со неколку врвни настапи.












