На нишан на вештачката интелигенција се најдоа и популарните личности! Многу вознемирена беше сестрата на Игор, која живее во Америка. – Дали има да се пријави оваа гадост некаде? Кога видов, добив срцев напад, дури потоа разбрав дека е измама – вели Татјана Џамбазова

Популарниот македонски шоумен, Игор Џамбазов, јавно реагира кај надлежните институции откако кружи видео на социјалните мрежи на кое е тој, поради тешка болест, во инвалидска количка. Не е потресен, бидејќи сè е само лага и измама на сајбер криминалците. Но, Игор е загрижен поради своите најблиски.

Многу вознемирена беше неговата сестра, која живее во Америка.

– Дали има да се пријави оваа гадост некаде? Кога видов, добив срцев напад, дури потоа разбрав дека е измама – вели Татјана Џамбазова.

На тоа вознемирувачко видео, Џамбазов, на добро измонтирана фотографија, седи во количка. Со вештачка интелигенција, дури и бојата на гласот му е иста.                         – Јас сум Игор Џамбазов, имам 61 година, пред три години бев на работ на инвалидска количка. Не можев повеќе да ги правам работите што ми носеа радост. Ненадејни и остри болки во грбот ме тераа да паѓам на колена. Болката ме следеше на секој чекор и секој ден стануваше полошо. Лекарите поставија дијагноза: артритис и компресија на нервите на пршлените. Ми препишаа силни лекови против болки, инјекции, масажи и терапија. Потрошив стотици илјади денари без никаков резултат. По две години, сериозно почнав да размислувам за преселба во дом за стари лица – е дел од лажното кажување на лажниот Џамбазов.

Но, тоа не е сè. Шоуменот наводно добро натепал група фармацевти, нарекувајќи ги „бандити во бели мантили“.                                                                               – Затоа, не наседнувајте на сѐ што ќе се појави на Интернет, на социјалните мрежи – порачува Игор.

Тој го минува ова жешко лето релаксирано, во Дојран, каде што е прикрај со изградбата на својата нова луксузна куќа близу до езерото.  (Д. М.)

 

 

 

ИЗДВОЕНИ