Кога немаат што да прават со себе во слободното време, сопругите на популарните пејачи знаат квалитетно да се забавуваат на социјалните мрежи и сите добронамерно да ги насмеат. Таква е и згодната Катерина, сопруга на познатиот пејач Дарко Лазиќ.
Овој пат, разгалената Ката оригинално се пошегува на тема од вистинскиот живот, во што се пронајдоа многу други сопруги, нејзини пријателки. Прашањето е: „Каков е мојот сопруг кога позира со мене, а каков кога позира со риба?“
Одговорот беше неверојатно лесен и очекуван: „Кога е со мене – тој е намуртен, а кога е со риба – тој е насмеан од уво до уво!“
Па, како да не се изнасмеете тогаш? Видете ги фотографиите. Инаку, сопругата на Дарко Лазиќ, Катарина Лазиќ, првото бебе со него го доби во октомври 2024 година. Тие станаа родители на ќерката Срна. На Дарко ова му е трето дете, по неколкуте неуспешни брака. (Д. М.)