четврток, февруари 26, 2026
Дома СВЕТ „Како се вика ‘Унгарска пролет’?“ Туск со провокативна шега за Орбан

„Како се вика ‘Унгарска пролет’?“ Туск со провокативна шега за Орбан

41
EPA/OLIVIER MATTHYS

Полскиот премиер Доналд Туск му испрати провокативна шега на Виктор Орбан преку мрежата „X“.

Имено, Туск напиша: „Дали на вашиот јазик „унгарска пролет“ се вика magyar tavasz, драг Викторе Орбан?“

Тоа е игра на зборови со која тој алудираше на презимето на главниот ривал на Орбан – Петар Маџар, кој сè повеќе води на најновите анкети.

Парламентарните избори во Унгарија се закажани за 12 април.

ИЗДВОЕНИ