Новинарот на ЕСПН, Стивен Смит, ја анализираше ситуацијата во Лос Анџелес лејкерс во својот поткаст. Тој зборуваше најмногу за Леброн Џејмс, кој е во фантастична физичка форма на 42 години, што не може да се каже за некои од неговите соиграчи.

Лука Дончиќ имаше проблеми со повредите оваа сезона, па ги пропушти последните пет натпревари и се очекува да се врати за плејофот. Исто така, недостига и Остин Ривс, кој има проблеми со грбот.

  • Мака ми е да го гледам Леброн на 42 години, во неговата 23. сезона. Како е здрав, а Дончиќ и Ривс не се? Како не им е срам? Само ги користам како пример за сите други НБА-играчи. Ако еден човек е познат по тоа што троши милион и пол долари на своето тело за да остане здрав, зошто, по ѓаволите, не го правите истото, а заработувате повеќе од доволно? Како е можно да не може да се грижите за вашето тело како што прави Леброн Џејмс? Мислам, по ѓаволите! Каде е вашата гордост? Каде ви е достоинството? – порача Смит.

Оваа изјава на Смит е претерана ако се знае дека двајцата сакаат да бидат на теренот и да му помогнат на тимот, но, исто така, е јасно дека не може да го сторат тоа без зелено светло од докторите.

Инаку, како што пишува доброинформираниот новинар Шамс Чаранија, Дончиќ ќе се врати во Лос Анџелес в петок, а дотогаш ќе прима инјекции за подобрување на здравјето.

  • Ми беше кажано дека Дончиќ е на пат кон Америка од Шпанија и дека ќе пристигне во Лос Анџелес во текот на неделата, поточно в петок. Во текот на претходните недели, во Шпанија, тој доби третмани и инјекции за да се забрза неговото заздравување и за да се врати што е можно поскоро. Кога станува збор за Остин Ривс, тој, најверојатно, ќе биде надвор од тимот до почетокот на мај. Колку брзо ќе се врати? Не е познато, се обидуваат да го забрзаат неговото враќање – рече доверливиот американски новинар, Шамс Чаранија.

ИЗДВОЕНИ