Како Катар одигра клучна улога во постигнувањето прекин на огнот меѓу Иран и Израел?

1130
EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е постигнат договор за прекин на огнот меѓу Иран и Израел. Утрово, по последниот ракетен напад врз Израел, ова го потврдија иранските државни медиуми.

Според извори запознаени со преговорите, договорот е постигнат благодарение на дипломатскиот ангажман на Катар и Соединетите Американски Држави.

По нападот врз американската воена база лоцирана во Катар, Техеран испрати порака до Вашингтон дека не планира дополнителни напади, тврди извор за порталот „Аксиос“.

Белата куќа одговори на таа иранска порака со јасен сигнал дека нема да преземе контранапад и дека САД се подготвени да продолжат со преговорите со Иран.

Во исто време, се водеа интензивни разговори меѓу американски и израелски претставници, но и меѓу катарските и иранските власти, со цел усогласување на условите и временската рамка за почеток на примирјето.

Според тврдењата на функционер запознаен со деталите од договорот, премиерот на Катар, во директен контакт со Техеран, успеал да ја добие согласноста на Иран за американскиот предлог за запирање на конфликтот, пренесува „Ројтерс“.

Исто така, се наведува дека претседателот Трамп го информирал катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани дека Израел го прифаќа примирјето и побарал од Катар да го искористи своето влијание и да ја убеди иранската страна да се согласи со договорот.

ИЗДВОЕНИ